Search

Приведени 17 државјанки на Македонија, Косово и Албанија во угостителски објекти во Гостивар и Тетово

Седумнаесет државјанки на Македонија, Косово и Албанија се приведени во акции на полицијата спроведени во неколку угостителски објекти во Гостивар и во Тетово.

Во текот на изминатиот ден била извршена акциска контрола во два угостителски објекти во Гостивар.

„Во угостителскиот објект на улица Илинденска во Гостивар биле затекнати и приведени две женски лица –државјанки на Република Македонија. Во угостителскиот објект во село Форино, гостиварско, биле затекнати и приведени четири женски лица, по една државјанка на Македонија и Албанија и две на Косово“, соопшти МВР.

Во полициска акција, пак, извршена во текот на изминатата ноќ во угостителски објект во село Желино, тетовско биле затекнати и приведени 11 женски лица и тоа седум државјанки на Албанија и четири државјанки на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави