September 22, 2019 10:22
Свет

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на митинзите.

Организаторот на „Граѓански фронт за човекови права“, Џими Шен изјави дека голем број демонстранти поради пречки во сообраќајот не биле во можност да стигнат до Викторија Парк, каде започна денешниот протест.

Се очекува овој протест да биде помасовен од јуни, кога организаторите проценија дека два милиони луѓе се на улиците на таа автономна кинеска територија.

Полицијата сè уште не објави проценка за бројот на учесници на денешните протести. Организаторите соопштија дека митингот е мирен, што не беше случај на претходните демонстрации во Хонг Конг. На претходните протести демонстрантите блокираа патишта и фрлаа цигли, јајца и молотови коктели кон полицијата, која возвраќаше со солзавец.

Демонстрантите, меѓу другото, повикуваат на оставка на премиерот на Хонгконг, Кери Лам, директни избори, ослободување на уапсените на претходните протести и истрага за полициска употреба на сила против демонстрантите. Протестите започнаа во јуни поради предлогот за екстрадиција на осомничени во Пекинг, кој во меѓувреме беше суспендиран.

Нови вести

Претседателот на Колумбија го спореди Мадуро со Милошевиќ

Igor

Поради бомба тешка 5,5 тони Полска мора да евакуира 42.000 граѓани

Igor

Најмалку 22 жртви во автобуска несреќа во Пакистан

Igor