Search

Пријавени за исчезнати 16 и 20-годишна девојка и 41-годишен маж

Пријавени за исчезнати 16 и 20-годишна девојка и 41-годишен маж

Вчера во скопската полиција во три оделни случаи се пријавени за исчезнати три лица.

Скопјанката М.Б.(41) пријавила дека истиот ден околу 12 часот од дома се оддалечила нејзината 16- годишна ќерка.

Во вториот случај четириесет и шестгодишната З.Ш. од Скопје пријавил дека на 27 февруари околу 14 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината ќерка В.Ш.(20).

Додека Д.С.(79) од Скопје пријавил дека на 26 февруари околу 7.30 часот од неговиот дом во непознат правец се оддалечил неговиот син В.С.(41).

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Треба да знаете
Последни објави