Search

16 асистенти им помагаа на ученици од Општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со УНДП успешно го реализира проектот за унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со посебни образовни потреби од основните училишта. Проектот, во кој учествуваа 16 асистенти, е дел од програмата „Општинско-корисна работа“ за 2018 година.

Општина Аеродром денеска им додели потврди за успешно реализиран работен ангажман на 10 образовни и 6 лични асистенти, кои во текот на изминатата учебна година им даваа поддршка во образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби од основните училишта на територијата на Општината.

Покрај потврдите, асистентите добија и сертификати за успешно завршена обука за образовни и лични асистенти, кои им ги доделија УНДП и Министерството за образование и наука.

Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи со поддршка и реализација на проекти за социјална инклузија, која е од клучно значење во градењето општество без дискриминација, со еднакви права и можности

Треба да знаете
Последни објави