January 16, 2019 00:58
Хроника

16 сообраќајни несреќа вчера во Скопје

Во текот на изминатиот ден (09.01.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди од кои осум со телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 13 лица се здобиле со телесни повреди.

д преземените мерки и активности констатирано е дека двајца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник.

Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи шест биле нерегистрирани, седум возила биле технички неисправни и едно возило поради претовар. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради непоседување пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и двајца возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 43 мандатни платни налози и исто толку возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Related posts

Страшна сообраќајка во Македонија, три лица тешко повредени

24news

Тројца малолетници пријавени за исчезнати

24news

Во Ѓорче Петров украдено „Ауди A5“

24news