Search

Груевски на средба со норвешкиот амбасадор: Над 150 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се предмет на хајки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски, оствари средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад. На средбата се разговараше за актуелната состојба во државата и стратешките интереси на Република Македонија, извести опозициската партија.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека власта спроведува политички прогон и реваншизам врз сите оние кои различно мислат. Доказ за тоа се и приведените за настаните од 27 април кои се предмет на хајка и монструозно обвинение. Во притвор се наоѓаат невини луѓе, a во исто време кога се носи амнестија за над 1000 затвореници и се ослободуваат убиците на децата на Смилковско езеро. Меѓу другото се апсат пратеници и се определува притвор со цел да се оневможи нивно физичко присуство во парламентот. Република Македонија е држава каде власта уапси 12 осто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 осто од вкупниот пратенички состав, посочи Груевски.

 

Истовремено политичкиот прогон се случува и во поширока смисла, a СДС преку СЈО креира непостоечки обвиненија. Се кршат закони и измислуваат случаи, а во предизборието и по него посебна мета беа и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои во екот на кампањата се соочуваа со фабрикувани кривични пријави, како форма на притисок. Над 150 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се предмет на судска, полициска и политичка хајка зад која се кријат политички мотиви.

Политичкиот прогон мора да престане, исто како што мора да се стави крај на гушењето на демократијата. Додека систематски се задушува слободата, економијата тоне, а стандардот на граѓаните слабее, истака Груевски.

Во ваква една атмосфера на страв, закани и уцени невозможно е земјата да се посвети на вистинсите стратешки интереси како што е членството во НАТО, посочи Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски посочи дека за Република Македонија мора и треба да останат приоритет членството во ЕУ и НАТО и враќање на реформскиот процес што ќе значи унапредување на стандардите во многу сфери од општествениот и политички живот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави