Search

Невиден масакр во руско училиште: 15 повредени во тепачка со ножеви меѓу ученици

Невиден масакр во руско училиште: 15 повредени во тепачка со ножеви меѓу ученици

Бројот на ранетите во тепачката со ножеви во средното училиште во Перм порасна на 15, од кои 12 се хоспитализирани, соопшти адиминстрацијата на градот.

Медиумите претходно јавија дека за нападот со ножеви во училиштето се одговорни двајца ученици од тоа училиште, соопштија локаните официјални лица.

Како што се наведува, тие започнале кавга со употреба на ладно оружје, а останатите ученици и наставничка се обиделе да ги запрат и така се здобиле со повреди. Медиумите наведуваат дека напаѓачите се приведени.

До кавгата дошло за време на чсот, наведува агенцијата РИА Новости. Од училиштето се евакуирани 700 ученици, а наставата е прекината. Во тек е истрага, наведува новинската агенција ТАСС.

Двајца ранети, еден ученик и педагогот имаа потешки повреди и во тек е нивна операција, додека на другите им се дава неопходната помош.

Како што пренесува ТАСС повикувајќи се на канцеларијата на градоначалникот, напаѓачите го извеле нападот во текот на наставата, а на децата во моментов им се укажува помош.

 

 

Треба да знаете
Последни објави