Search

Македонија – Црна Гора (15-16) на Поливреме

Македонија – Црна Гора (15-16) на Поливреме

Раул Гонзалез најави дека Црна Гора ќе биде тежок противник и така се покажа барем по првото полувреме, по кое Македонија има негатива од 16-15.

Мечот го отворивме како што и очекувавме, сигурно и цврсто во одбраната. Поведовме со 2-4, но потоа паднавме. Неискористивме неколку напади, а на другата страна Црна Гора предводени од Вујовиќ, Божовиќ, Чавор и Анџелиќ направија серија од 4-0 и поведоа со 6-4. Раул Гонзалез повика тајм-аут, кој пак веднаш не вроди плод, се мачевме…и на крајот успеавме. Одбрана Ристовски, добро организиран напад, две контри и дојдовме на 10-11, со головите на Талески, Георгиевски и Манасков.

Во последните десет минути од првото полувреме влеговме во неизвесна завршница, се играше гол за гол, 11-11, 12-12, 12-13. Имавме напад за да дојдеме до водство од два гола, но Филип Кузмановски не успеа да го совлада Мијатовиќ. Исклучувањето во нашите редови во 26. минута и празниот гол го искористи токму голманот на Црна Гора погоди за 14-13.

Во последната минута Пешевски израмни на 15-15 и покрај тоа што имавме играч помалку. Не успеавме да го сочуваме резултатот, примивме гол за 16-15 на полвуремето, а по одморот ќе почнеме со играч помалку бидејќи Манасков доби две минути искулување.

Лазаров со три гола е најефикасен, додека Талески, Миркуловски и Пешевски имаат по два погодоци.

 

Треба да знаете
Последни објави