Search

15 златни правила за воспитување на децата

Познат руски психолог и семеен терапевт е авторка на многу книги со совети за родители и деца, а овој пат од неа одвоиме 15 златни правила за воспитување на децата.

Психологот била и професорка по општа психологија на познатиот московски државен универзитет Ломоносов.

Ова се дел од нејзините совети за родителите:

1. Прифатете го детето безусловно, тоа не значи да го сакате затоа  што е паметно, убаво, вешто, одличен ученик и слично, туку да го сакате затоа што постои.

2. Не се мешајте во тоа што детето го прави ако не бара помош. Со немешањето му порачувате: „Со тебе е сè во ред, ќе се снајдеш“.

3. Ако на детето му е тешко и е подготвено да прифати ваша помош треба да му помогнете. Притоа на себе преземете го само тоа што детето не може да го изврши без помош, а остатокот нека го прави самостојно.

4. Детето утре ќе го прави само тоа што денес го правело со мама и тоа баш затоа што го правело со мама. Количината на тоа што заедно сме го направиле станува златна резерва за детето, негов потенцијал за блиска иднина.

5. Полека, но сигурно грижата и обврските за личните работи на детето препуштајте му ги нему.

6. Личноста и способноста на детето се развиваат само во таа област која детето само ја одбрало бидејќи токму тоа го сака и токму тоа го интересира.

7. Не постои ситуација во која детето се удира. Да, точно е дека децата на Пушкин добивале ќотек, но тоа било друго време.

8. Можете да изразите незадоволство од постапката на детето, но не поради самото дете. Можете да ги осудувате постапките на детето, но не и неговите чувства, без разлика колку се несакани или недозволени. Незадоволството од постапките на детето не би требало да биде систематско.

9. Прегрнувајте го детето повеќе пати на ден, 4 прегратки се вообичаено неопходни, а за убаво однесување најмалку 8 дневно. Ова важи и за возрасните, и ним им требаат прегратки.

10. Смислете неколку активности со детето или семејни акции, некои од нив можат да станат ритуал кое детето ќе го исчекува знаејќи дека сигурно ќе дојде ако не направи нешто лошо. Откажете го ако навистина прекршило некое правило.

11. Најдобрата казна за детето е да го лишите од нешто убаво, а не да му направите нешто лошо.

12. На децата им е потребно да се движат, да истражуваат предмети, да ја мерат силата. Ако им забраните такво нешто исто е како да сте преградиле надојдена река.

13. Не само што на децата им се потребни ред и правила на однесување, туку тие ги сакаат и ги очекуваат. Така полесно го разбираат животот и се снаоѓаат во него, тоа им дава чувство на сигурност.

14. На детето му е мило кога ги разбираме неговите потреби. Едно од најважните работи е да го истражува светот и да создава впечатоци. Детето ги истражува сите можности и полека ги урива границите. Кога е мало сака да се качи што повисоко на дрвото, кога малку ќе порасне сака да побегне со другарите во туѓи дворови, а потоа да се врати дома подоцна од вообичаено. Многу зависи како родителите ќе се однесуваат, забраните и забелешките се немоќни.

15. Сè што сакаме да промениме кај детето првин треба внимателно да провериме да не треба тоа кај нас самите да го смениме.

Треба да знаете
Последни објави