December 1, 2022 18:31
Спорт

Станковиќ ќе биде новиот тренер на Сампдорија

Српскиот фудбалски стратег Дејан Станковиќ ќе биде новиот тренер на италијанскиот калчолигаш Сампдорија. Станковиќ, на почетокот на септември ја напушти Црвена звезда, откако и во третиот обид не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите.

Сампдорија остана без тренер по поразот од Монца (3:0). Клупските челници му врачија отказ на Марко Џампаоло. Клубот од „Луиџи Ферарис“, во првите осум кола, во Серија А, освои само два бода.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Станковиќ ќе има само една задача, да обезбеди опстанок во Серија А.
Според овие извори, клубот на поранешниот фудбалер на Лацио и Интер ќе му понуди договор до крајот на сезоната, кој автоматски ќе биде продолжен доколку избори опстанок.