Search

138 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 36, 9 санкции за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирано возило, две за минување на затворен семафор -црвено светло.

Изречени биле и шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за управување под дејство на алкохол, 46 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.

Треба да знаете
Последни објави