Search

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред судот во 13.30 часот

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите членови и симпатизери на партијата да излезат на протест пред Основниот суд Скопје денеска во 13.30 часот.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите членови и симпатизери на партијата да излезат на протест пред Основниот суд Скопје денеска во 13.30 часот.

„ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев. Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и други јавни личности. Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитуваше пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците.

Денешниот упад и приведувањето на функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов.

Во момент кога владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави