Search

Македонија – Чешка (13 – 11) на полувреме ! САКАМЕ ПОБЕДА !!!

Македонија – Чешка (13 – 11) на полувреме ! САКАМЕ ПОБЕДА !!!

Македонската репрезентација по првото полувреме на дуелот со Чешка има предност од два гола 13-11. Во составот е Кирил Лазаров, но досега тој само еднаш влезе да реализира седмерец.

Почнавме без капитенот, Кирил Лазаров во нападот, како што беше најавено, доколку има потреба само тогаш ќе влезе во игра. Неговото место му припадна на младиот Мартин Велковски. Раул Гонзалез имаше се добро смислено, како треба да играме без лидерот.

Четири одбрани на Борко Ристовски на стартот, изнудени технички грешки на противникот и секако добра реализација во нападот, ја одведоа Македонија на 4-1 во шестата минута. Стрелаа Талески, Георгиевски и на двапати Миркуловски.

По две пробивања на Мартин Велковски, Чешка доби шанса да го постигне вториот гол за 4-2 во 10. минута. Но младиот и надежен ракометар во следната акција се поправи, асистираше за 5-2. Лазаров сепак влезе во игра и тоа да реализира седмерец за 6-2, а противникот доби исклучување, но во меѓувреме постигна два гола. Јакуб и Томас намалија на 6-4 на средината на првото полувреме.

Велковски кој имаше трема разбирливо тешко играше, но неговата втора асистенција до Стоилов значеше 8-5 за Македонија. По погодокот на Задрахала, токму овој млад ракометар ја врати позитивата на три гола 9-6 во 22. минута. Две минути подоцна по неискористениот напад на Чешка, Манасков и Пешевски ја вратија позитивата од четири гол 11-7, која ја имавме и на три минути до крајот на полувремето (погоди Велковски).

Чешка успеа некако да се врати, со два гола во серија намали на 12-10, но Манасков на асистенција на Велковски ја врати позитивата од три гола 13-10. Сепак не успеавме да ја сочуваме предноста, противникот реалзиираше за 13-11.

Манасков, Велковски, Талески, Миркуловски и Стоилов имаат по два погодоци, додека Ристовски има седум одбрани.

Треба да знаете
Последни објави