Search

13 пратеници му откажаа послушност на Мицковски, гласаа за Изборниот законик

За Изборниот законик со чии измени се прекројуваат границите на петтата и шестата изборна единица гласале и пратеници на ВМРО ДПМНЕ. Практично, без нивните гласови измените немаше да поминат. На списокот пратеници кои го дале гласот за Дебар и Маврово- Ростуше да преминат од шестката во петката се Антонијо Милошоски, Влатко Ѓорчев, Трајко Вељановски, Никола Мицевски, Благица Ласковска, Весна Пемова, Драган Данев, Ѓоко Камчев, Емилија Трајковска, Жаклина Пешевска, Иван Иванов, Лилјана Затуровска, Слаѓана Митовска. Зошто овие пратеници гласале за измените во Изборниот законик? Со нивните 13 гласа се обезбедија вкупно 70, што значи сите останати кои ги гласале измените биле 57 на број.

Со оглед дека опозицијата се конфронтираше за сите законските решенија за кои парламентарното мнозинство се обидуваше да се изгласаат во парламентот последните неколку седмици, пред да се распуштат пратениците, постоеше впечаток дека опозицијата е против сите предлози кои беа на дневен ред, па вклучитело и Изборниот законик.

Со гласањето на овие 13 пратеници во полза на Изборниот законик пропаѓаат сите обиди и изјави на опозицијата дека СДСМ се испазарил со ДУИ за да им отворат шанса за уште некој пратеник плус во петтата изборна единица. Иако, измените во законикот се појавија непосредно пред распуштање на парлементот, сепак некои пратеници од опозицијата, иако обвинуваа за некаков договор на коалиционите партнери во власта, сепак ја увиделе потребата од нови граници, односно мали корекции во бројот на избирачи. Според бројките на ДИК, овие две општини имаат помалку од 30.000 гласачи кои на престојните избори ќе гласаат за изборот на 20-те пратеници од петката.

Според податоците на ДИК, на последните парламентарни избори, во ИЕ 5 имало 296.322, а во ИЕ 6 биле регистрирани 314.096 гласачи. Дали овој трансфер на неколку илјади гласачи ќе ги направи единиците поеднакви? Но, едно е сигурно, за да имаат сите партии еднаква и фер шанса на избори неопходно е цела држава да биде една изборна единица, концепт зад кој застана единствено СДСМ, па дури и го понуди како предлог во парламентот. Ако ВМРО ДПМНЕ и ДУИ сакаа навистина коректен изборен натпревар со идентична шанса за сите, а со тоа и збогатување на парламентот со преставници на помалите партии, тогаш имаа шанса да го поддржат предлогот на СДСМ. СДСМ отиде дури до таму што ги споменуваше и отворените листи на кандидати како опција, со што дополнително ќе се зголеми демократичноста во изборните процеси.

Сепак, ВМРО ДПМНЕ не демонстрираше демократски капацитет во врска со идејата, стравувајќи дека ќе изгуби од бројноста на пратениците, која сега му е важна со оглед на тоа дека се во опозиција и дека им се нарушени односите внатре во партијата. Од друга страна пак, на СДСМ му претстојат два месеца до избори, доволен период да и покаже на јавноста дека покрај изработеното членство во НАТО и даумот за преговори со ЕУ, кој е можно да се добие уште во март, имаат големи и важни проекти во сите области со кои се подобрува квалитетот на животот.

Треба да знаете
Последни објави