Search

13-годишник прегазен од багер

Тринаесет годишен малолетник бил тешко повреден откако во него удрил багер, вчера во близина на скопското село Батнинци.

Според полицијта, сообраќајната несреќа се случила вчера во 14.40 часот, кај месноста Врапче во Скопје, на стариот пат за селото Батинци. Б.Ѓ.(64) од селото Долно Лисиче, вработен во приватна фирма, управувајќи багер удрил во 13-годишникот.

По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, момчето било пренесено на лекување вo комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата го расчистува случајот.

Треба да знаете
Последни објави