Search

Во пожар во Њујорк 12 загинати

Дванаесет лица, меѓу кои и едно бебе, загинаа а уште четири се тешко повредени во пожар кој зафатил неколку катови од станбена зграда во њујоршкиот кварт Бронкс, објави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

Пожарот избувнал на првиот кат од зградата и брзо се проширил на горните катови, изјави њујоршкиот противпожарен комесар Даниел Нигро, додавајќи дека причините за пожарот сé уште се истражуваат.

Градоначалникот Бил де Блазио изјави дека станува збор за „најтрагичниот пожар во Њујоркк во последните најмалку четврт век“. Четири лица се наоѓаат во критична состојба во болниците и „се борат за живот“, додаде. Пожарникарите успеале од зградата во пламен да изнесат 12 луѓе.

„Луѓето загинале на различни катови, а се на возраст од една до 50 години. Дури и во нашата работа каде што постојано се соочуваме со трагедии, шокирани сме од губењето на животите“, изјави Нигро.

Пожарот избувнал во зрадата која се наоѓа во делот од Бронкс познат како „Мала Италија“, недалеку од зоолошката градина. Овие денови Њујорк го зафатија ниски температури проследени со силен ветер кој дополнително го разгорел огнот во внатрешноста на зградата кога станарите ги отвориле вратите и прозорците.

 

Треба да знаете
Последни објави