Search

Вознемирувачко: Мајката го држела синот во ланци 12 години, а причината е срцепарателна – Нема друг избор освен да го врзам и затворам!

Вознемирувачко: Мајката го држела синот во ланци 12 години, а причината е срцепарателна – Нема друг избор освен да го врзам и затворам!

Странските медиуми објавија шокантна снимка на која се гледа глувонемо момче во ланци, а потврдено е дека мајката го држела заклучен во куќата повеќе од 10 години.

Страотните снимки кои испливаа во јавноста го покажуваат глувонемиот Ванг Џинчијанг (41) кој е врзан со ланци во камената куќа. Неговата мајка Јуе Ронг (77) призна дека го држела врзан последните 12 години за да спречи да ги повреди другите.

Ванг е роден како глувонем и како мал е испратен во училиште за деца со посебни потреби. Меѓутоа почнал да развива психички проблеми зошто другите деца го злоставувале. Потоа го испратиле дома каде родителите го врзале.

Неговата мајка рече дека состојбата со тек на време му се влошила и почнал да ги напаѓа другите луѓе по селото Денгфенг, во провинцијата Хенан.

-Додека беше жив мојот маж, тој се грижеше за нашиот син. Но кога умре пред 12 години не можев самата да го контролирам, рече Ронг/

Како што вели, немала избор туку да го врзе и заклучи во камената куќа.

Неговата сестра Ванг Шуфен (50) плачела секојпат кога ќе го посетела братот кој животот го поминал како животно. Како што вели, и се кршело срцето кога братот ја молеле да го ослободат.

Локалната власт на семејството му обезбеди субвенции, но се надева и дека јавноста ќе помогне да се соберат доволно средства Ванг да се испрати во психијатриска болница на лекување и нега.

Треба да знаете
Последни објави