Search

12-часовна заложничка драма во Охајо

Заменик-шерифот на полицијата во Охајо беше застрелан со огнено оружје за време на 12-часовната заложничка драма во станбен комплекс во Охајо.

Според тамошните власти повреден е и уште еден замик-шериф на полицијата, додека пак осомниченото лице било совладано од страна на безбедносните служби и засега се наоѓа во притвор.

Капетанот Џеф Селарс од Канцеларијата на шерифот на округот Клермонт изјави дека полицијата интервенирала во саботата околу 19 часот по локално време, по повик од граѓанин кој посочил дека од страна на неколу луѓе влегле во неговиот стан и не сакаат да си заминат.

Кој бил мотивот на осомниченото лице кое е уапсено за заложничката драма засега не е познат.

Треба да знаете
Последни објави