Search

12-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“

Со проектот „Кaко се прави човек“ на режисерката Хана Миленковска, утре (4 април) во Кино Култура од 20 часот, ќе почне 12-то издание на Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, посветен на професионалното независно театарско творештво.

 

На програмата се вкупно шест претстави, меѓу кои и „Кокошка“ од Бугарија, во режија на Ана Батева, „Машината на Пинокио, Ти не си еден од нас“ на театарот „Софија Амендолеа“ од Рим, Италија, интерактивниот перформанс „Јас сум актер – човек“, на режисерката Теа Беговска, „Соништата на Хамлет“, на исклучителниот актер и режисер Ментор Зимберај од Косово и претставата „Дневникот на лудиот“ во изведба на Бобан Алексоски, а во режија на Ѓорѓи Ризерски.

Интернационалниот театарски фестивал е во организација на независниот „ТЕАТАР 007“, заедно со Дом на култура „Кочо Рацин“, а се реализира со финансика поддршка од Град Скопје.
Треба да знаете
Последни објави