Search

113 сакционирани возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 113 мерки од кои 17  за возење без возачка дозвола, 9  за нерегистрирани возила и други останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Треба да знаете
Последни објави