Search

ПОРАЗ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО 11 ГОЛА

Македонската ракометна репрезентација го забележа првиот пораз на ЕП во Хрватска.

Подгреани од досегашните успеси на нашата репрезентација, потајно се надевавме на изненадување и против најискусната селекција на првенството. Но, место тоа забележавме катастрофален пораз, кој не приземји и кој покажа дека сепак немаме сили во ист ритам да го одиграме целото првенство. Особено боли што денеска натпреварот го предадовме буквално без борба, уште во првите дваесетина минути.

Македонија денеска играше непрепознатливо, без потребниот жар со кој досега ја надоместувавме разликата во квалитетот на нашите противници. Игравме лошо во одбраната и очајно во нападот, а направивме и огромни 22 технички грешки. За среќа свој ден имаа нашите голмани, кои заеднички одбранија 21 удар, инаку поразот ќе беше уште повисок.

Дополнително, се повреди нашиот најдобар ракометар и капитен, Кире Лазаров, кој е неизвесен и за следните две средби, па тоа е, заедно со повредата на Филип Миркуловски, е проблем кој Раул Гонзалез тешко дека ќе може да го реши.

Секако, нашата селекција теоретски се уште има шанси да настапи во полуфиналето, но тоа сега ќе мора да оди преку две победи против Чешка и против Данска , што не е воопшто лесно.

.

Македонија – Шпанија  20:31 (6:15)

Треба да знаете
Последни објави