December 16, 2019 08:37
Македонија

11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше стечајците и беше против зголемување на минималната плата, а тоа го прави и денес како опозиција

ВМРО-ДПМНЕ која е навикната само на земање од граѓаните, денеска во Собранието повторно се обидува да го попречи носењето на Законот за минимална плата, но и измените на Законот за стечајци.

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која не може да се помири што конечно парите се враќаат кај граѓаните, наместо да завршуваат во белиот дворец.

11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорираше стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прваи истото и како опозиција, преку закани за блокада на работата на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се зголеми опфатот на стечјани работнции кои ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда.

Деструкција, грабање на парите на граѓаните и силно противење на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Нема дилеми, со таква понуда ги очекува само пораз на изборите на 12 април. Граѓаните нема да дозволат обнова на грабежот на народните пари.

Без разлика колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата ќе се покачи на 14.500 денари, а сите стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок се до нивно пезнионирање.

Нови вести

На Шапка 15 сантиметри снег

Valentina

Намалена видливост 50 – 100 м поради магла има кај Кичево,на планинскиот превој Ѓавато и долж Повардарието

Valentina

С.Македонија и Србија ќе потпишат договор за отворање граничен премин Лојане-Миратовец

Valentina