Search

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик Експертс ДОО“ оти не се појавиле на рочиште во предметот „Триста“, потврдуваат  од кривичниот суд во Скопје. Вештакот Стојанова е судски вештак за материјално, финансиско и сметководствено работење, ангажирана од адвокатот на обвинетиот.

Станува збор за решенија кои се дел од предметот од обвинителството означен како „Триста“ со кои правното лице и вештото лице се казнети со парични казни заради нивно недоаѓање на однапред закажана главна расправа поради кои причини расправата била одложена“, велат од судот.

Вештакот Стојанова и управителот на Друштвото за вештачење поднеле жалба до кривичниот совет на судот, кој ја потврдил одлуката за нивно казнување. Вештакот и управирлот потоа поднеле жалба до Апелацискиот суд во Скопје, кој сè уште не донел одлука. СЈО предложило жалбата да биде одбиена како неоснована.

Треба да знаете
Последни објави