Search

100-ти натпревар на Горан Пандев за Македонија!

На 21.март, на арената „Филип Втори“, Македонија  ќе игра со Летонија, а Горан Пандев ќе го одигра јубилејниот 100-ти натпревар за Македонската фудбалска репрезентација. 100 натпревари за националниот дрес, многу голови, убави потези, максимално залагање, цело време со огромна поддршка за помладите.

Горан Пандев или ‘Ил Гранде Мачедоне’ како што знаат да го наречат италијанските коментатори, навистина заслужува почит од сите нас. Македонски фудбалер кој остави силен белег во италијанското Калчо, кој со неговиот Интер ја освои Лигата на шампионите, поради кого македонското знаме се вееше на најголемите фудбалски стадиони, поради кого сите бевме горди што сме македонци.

Токму затоа, на 21 март треба да дојдеме на стадион, за да му оддадеме признание, за се она што го има направено за македонскито фудбал. Сите на нозе, иште еднаш да скандираме….Горааан Пандеев! Гораан Пандеев! Горааан Пандеев!

Цената на влезниците изнесува од 150 денари.
МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА
Национална арена „Филип Втори“,
21. март 2019., 20:45 часот

Треба да знаете
Последни објави