Search

10.000 семејства ќе добијат субвенции за набавка на инвертори, мерките за чист воздух се на прав пат

Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални, видливи резултати од кои придобивки имаат граѓаните.

Економијата е стабилна и се движи во добар правец, се грижиме за граѓаните, ги исполнуваме ветувањата во „План за живот” и побрзо од ветенето, на прав пат сме. О

Обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на 10.000 семејства за набавка на инвертори.

Мерките за чист воздух се на прав пат, СДСМ и надлежните институции константно работат да обезбедат почист воздух за граѓаните.

Преку Електрани на Северна Македонија обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди за 10.000 семејства. 10.000 домаќинства кои користат неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво и кои живеат во најзагадените општини како Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да аплицираат за ваучер во висина од 60.000 денари за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.

Важно е да се истакне дека при реализацијата на оваа мерка, предност ќе имаат оние семејства чии вкупни приходи се до 30.000 денари.

Греењето со инвертер клима уред, не само што е еколошко, туку е поевтино од греењето на дрва, што значи дека се обезбедува заштеда за секое семејство.

Ги намалуваме трошоците на граѓаните, политиките на СДСМ се на прав пат.

Една од позначајните мерки која директно влијае на семејниот буџет е и намалувањето на ДДВ на парното греење од 18 на 5 отсто. На ова намалување му претходеше и укинувањето на паушалот за парно на исклучените граѓани што неправедно го плаќаа со години. Тоа претставува уште едно намалување на месечните трошоци и враќање на парите кај граѓаните.

Исто така обезбедивме 30 милиони денари наменети за субвенционирање на домаќинства кои сакаат да купат печки на пелети.

СДСМ останува посветен да обезбеди квалитетна и здрава животна средина, да обезбеди услови за подобар живот на сите граѓани.

Како одговорна партија креираме и имплементираме политики и мерки кои го подобруваат системот на функционирање, борбата против аерозагадувањето продолжува, а се повеќе пари се враќаат назад во семејните буџети на граѓаните, тоа е доказ дека сме на прав пат!

Треба да знаете
Последни објави