Search

10 годишно дете тешко повредено во Бутел додека возело велосипед

10 годишно дете тешко повредено во Бутел додека возело велосипед

Десет годишно момче од Скопје кое возело велосипед се здобило со тешки повреди откако во него удрил автомобил.

Како што информираат од полицијата, несреќата се случила вчера околу 13 часот на ул. „Александар Урдаревски“, кога В.В. (32) од скопско Мирковци со возило „Мицубиши удрил во 10-годишното.

-При ударот детето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави