Search

Џулија Робертс и други sвезди ќе ги отстапат акаунтите на социјалните мрежи на здравствените експерти во иницијативата #PassTheMic

Актерите Џулија Робертс, Хју Џекман и Мили Боби Браун се меѓу славните кои на здравствените експерти ќе им ги отстапат своите акаунти на социјалните мрежи со цел да споделат факти и да промовираат научен пристап во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Оскаровката Робертс („Ерин Брокович“ 2001 година), проектот го започна во четвртокот, 21 мај, со интервју за д-р Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести.

Иницијативата #PassTheMic, организирана од меѓународната непрофитна организација „Уан кампања“ (ONE Campaign), има за цел да укаже на мислењата на здравствени и економските експерти кои разговараат за глобалниот одговор на пандемијата на Ковид-19.

Акцентот е ставен на податоците, науката и фактите.

Според “Уан“, звездите по еден ден ќе ги отстапат своите акаунти на социјалните мрежи на здравствените работници од првите редови, на економски и други експерти.

Во интервјуто со Робертс на нејзиниот личен профил на социјални медиуми, Фаучи вели дека главен проблем што треба да се реши е „големиот диспаритет во здравството“ меѓу државите. Тој тврди дека постои огромна разлика меѓу државите во однос на системите за здравствена заштита.

„Имајќи предвид дека јужна Африка, субсахарска Африка, делови од Азија, Јужна Америка, па дури и делови од Карибите, во моментов се области кои немаат здравствен систем што може да одговори на начин на кој може да се одговори во Њујорк или Лос Анџелес или Њу Орлеанс или Чикаго, ние навистина имаме морална одговорност за луѓето ширум светот,“ вели Фаучи.

Многу од познатите личности што учествуваат во проектот имаат милиони фанови кои ги следат на социјалните мрежи. Џулија Робертс, Хју Џекман и Мили Боб Браун имаат заедно вкупно околу 71 милиони следачи само на Инстаграм.

 

Треба да знаете
Последни објави