Search

Џо Џонас и Софи Тарнер ги покажаа рацете: Вакцини…вакцини, сите

Музичарот Џо Џонас и неговата сопруга актерката Софи Тарнер со гордост им открија на следачите на Инстаграм дека се вакцинирале против Ковид-19.

Со фотографија на која двајцата ги покажуваат свежо вакцинираните раце со лепенки преку убодот, тие ги охрабрија своите фанови да се имунизираат што поскоро.

Софи (25) изгледа сериозна додека гледа кон камерата со подигната рака, а нејзиниот сопруг (31) се фали со своите мускули.

На двојката сега сигурно ќе ѝ олесни откако поминаа повеќе од 12 месеци во самоизолација избегнувајќи го вирусот заедно со нивната ќеркичка Вила, која се роди во јули минатата година.

Треба да знаете
Последни објави