Search

Џош Духамел се вери

Актерот Џош Духамел (49) се огласи на Инстаграм во неделата и откри дека ѝ го поставил прашањето на 28-годишната Одра Мари по две години врска.

Џош сподели нивна заедничка фотографија на плажа, а на која се гледа како држи рачно напишана порака на која пишува „Одра Дајен Мари ќе се омажиш ли за мене?“

Објавата ја наслови: „Се случи! Таа најде порака во шише исфрлено на брегот и рече ДА!!“.

Џош претходно беше оженет со пејачката Ферги (46), која напиша „Честитки“ во коментарите.

Треба да знаете
Последни објави