Search

Џорџ Клуни окрива детали од својата кариера по „Бетмен и Робин“

Џорџ Клуни откри дека тој бил одбегнуван од Холивуд по неуспехот на „Бетмен и Робин“.

Овој 59-годишен актер глумеше заедно со Арнолд Шварценегер, Алисија Силверстоун, Крис О’Донел и Ума Турман во филмот за суперхеројот човек лилјак Бетмен во 1997 година и рече дека овој проект за малку ќе ја уништел неговата филмска кариера, бидејќи холивудските режисери одбивале да работат со него по слабиот резултат  на овој филм на кино-благајните.

Филмот зарботи 238 милиони американски долари на меѓународно ниво, со продукциски буџет од 125 милиони американски долари, според Box Office Mojo.

Оскаровецот – кој се појави во ТВ-драмата ЕР од 1994 до 1999 година – за весникот „Сан он сандеј“ изјави дека неговата среќа се сменила кога се здружил со режисерот Стивен Содерберг за да ја снима крими-комедијата Out Of Sight од 1998, во која глуми со Џенифер Лопез.

„Стивен доаѓаше од неколку падови, а јас од ‘Бетмен и Робин’, и на двајцата ни требаше успех“, рече тој. „Нашиот грб беше на ѕид, на некој начин. Во тоа време сè уште бев ангажиран во ТВ-драмата ‘Ер’ и секогаш лебдеше во воздух прашањето дали можете да одите од телевизија на филм. Тоа е голема работа – и јас го губев тој аргумент.“

„Сето тоа успеа, затоа што Стивен го режираше филмот, тој направи добра работа со него“.

Треба да знаете
Последни објави