Search

Џорџ Клуни напиша есеј за расните немири во САД

Оскаровецот Џорџ Клуни напиша моќен есеј за расните немири во Америка, предизвикани од трагичната смрт на Џорџ Флојд во рацете на полицијата во Минеаполис.

„Постои мал сомнеж дека Џорџ Флојд е убиен“, почна Клуни  во текстот објавен во „Дејли бист“ (Daily Beast) во понеделникот. „Расизмот е нашата најголема пандемија. Ги инфицира сите, и по 400 години ние допрва треба да најдеме вакцина.“

Текстот е напишан во време кога Америка влегува во уште една недела на граѓански немири, кога политичките лидери се борат да го контролираат излевањето  бес предизвикан од полициската бруталност, се наведува во медиумите што го цитираат текстот.

Говорејќи за „системски расизам што е вграден во ткивото на американската историја“, актерот додава: Гневот и фрустрацијата што повторно ги гледаме на нашите улици е само потсетник за тоа колку малку пораснавме како земја од нашиот прв грев на ропство.

„Потребна ни е системска промена во спроведување на законот и во системот на казнена правда, односно казнено-правниот систем. Ни требаат креатори на политики и политичари кои одразуваат темелна праведност спрема сите свои граѓани подеднакво “, продолжи Клуни.

Јасно обраќајќи се до претседателот Трамп, тој додава дека на Америка не ѝ требаат лидери што поттикнуваат омраза и насилство

Треба да знаете
Последни објави