Search

Џорџ Клуни, маж од соништата: Пере, готви, чисти, но жена му ќе го убие ако стори едно нешто

„Нашите деца се мали свињи, прават хаос во куќата“, Џорџ Клуни ќе ве насмее со детали од семејниот живот, а откако стана татко на близнаци, научи да прави сè во домаќинството.

Шармантниот актер Џорџ Клуни го поминува целото слободно време со своето семејство, а како што почна глобалната пандемија, тој се пофали дека стана човек за сè, и домашните работи не му се страни.

“Ќе ти кажам нешто за моето ново хоби. Јас ставам две или три машини за перење на ден, и мијам садови цел ден, бидејќи нашите деца се вистински мали свињи”, рече тој со насмевка, во интервју за едно американско списание.

“Дури и му ја скратив косата на мојот син, но испадна многу лошо. Сепак, неговата коса ќе порасне брзо. Јас сам се шишам. Но, не се осмелувам да ја кратам косата на ќерка ми затоа што би се нашол во голем проблем и неволја. Имено, сопругата ми рече дека ќе ме убие ако ја допрам убавата долга коса на ќерка ми“- изјави холивудскиот актер и миленик на жените, кој има три години-стари близнаци со неговата сопруга Амал.

Преземено од Женски магазин

Треба да знаете
Последни објави