Search

Џон Кери го поддржа Џо Бајден за претседателски кандидат на демократите

– Џон Кери, поранешниот американски државен секретар и демократски претседателски кандидат за изборите во 2004 година, ја поддржа кандидатурата на Џозеф Бајден за претседател на САД, повикувајќи се на аргументот на поранешниот потпретседател дека неговото меѓународно искуство треба да биде пресуден фактор за избирачите во 2020 година.

Штабот на Бајден ја соопшти поддршката од Кери, додека тој продолжува да го обвинува претседателот Доналд Трамп дека е опасен и неспособен шеф на држава. Ситуацијата дополнително се зaостри со објавувањето на видео снимката на која се гледа како други светски лидери му се потсмеваат на Трамп на приемот во Бакингамската палата, што се оддржа во рамки на самиот на НАТО, пренесоа американските медиуми.

-Никогаш порано не сум видел дека на светот му е потребен некој кој уште првиот ден може да почне со неверојатно тешка работа на составување на светот што Трамп го расцепка, изјави Кери.

Треба да знаете
Последни објави