Search

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, остро го критикуваше Трамп поради неговата надворешна политика кон Иран, Северна Кореја и кон Авганистан, пишува „Политико“.

Тој на затворената вечера во институтот „Гејтстон“ оценил дека е ужасно лош сигнал тоа што Трамп ги повикал лидерите на талибанците на преговори во резиденцијата во Кемп Дејвид, имајчи предвид дека тоа е показател за крајно непочитување кон жртвите на терористичкиот напад од 11 септември.

Зборувајќи за преговорите со Северна Кореја и Иран, Болтон посочи дека смета оти какви било обиди од тој тип се осудени на пропаст зашто лидерите на тие земји се заинтересирани само за укинување на снкциите против нив и за јакнење на нивната економија.

Освен тоа, одлуката на Трамп да не му возврати на Иран откако иранските сили соборија американски дрон му дава на Техеран зелено светло за нови агресивни чекори.

Еден од присутните на вечерата во институтот, кој сакал да остане анонимен, изјавил за „Политико“ дека Болтон и во други пригоди остро го критикувал Трамп иако во тие тврдења не го користел експлицитно неговото име.

Треба да знаете
Последни објави