Search

Џонсон телефонски разговарал со Трамп за брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп по телефон разговарале за брегзит и американско-британскиот договор за слободна трговија.

„Одличен разговор со премиерот Џонсон. Разговаравме за брегзит и како можеме да ги забрзаме работите околу американско-британскиот трговски договор“, напиша Трамп на „Твитер“.

Џонсон и Трамп зборуваа вчера пред самитот на Г7 во Франција, а американскиот претседател додаде дека се радува на средбата со британскиот премиер во Бијариц во текот на викендот.

Портпаролот на канцеларијата на Џонсон изјави дека разговарале за економски прашања, трговски односи, а британскиот премиер го информирал Трамп за последните случувања околу брегзит, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави