Search

Џонсон: Не сакам избори, но предвремените избори беа единствената опција

Британскиот премиер Борис Џонсон ја почна кампањата на Конзервативната партија за изборите за 12 декември, обвинувајќи ја политичката опозиција дека го блокира Брегзит.

Стоејќи пред премиерската резиденција на Даунинг стрит 10, Џонсон кажа дека не сака предвремени избори, никој не сака избори во декември, „но стигнавме до фазата во која немаме друга опција”, пренесоа американските медиуми.

Тој кажа и дека законодавците во парламентот „ повторно и повторно одбиваат да го спроведат Брегзит и да постапат според резултатот од референдумот”.

Џонсон го критикуваше и лидерот на левичарската Лабуристичка партија Џереми Корбин, неточно тврдејќи дека Корбин „застанал на страната на рускиот претседател Владимир Путин”, откако поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка беа нападнати со нервен агенс во англискиот град Солсбери.

Денешниот почеток на кампањата за конзервативците беше прилично неповолен, бидејќи министерот за Велс поднесе оставка неколку минути пред говорот на Џонсон заради улогата на негов вработен во сведочење кое довело до отфрлање на случај на силување во судот.

Треба да знаете
Последни објави