Search

Џонсон: Нема ако, нема но – Велика Британија ја напушта ЕУ

Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија до 31 јануари, изјави денеска премиерот Борис Џонсон по убедливата изборна победа.

„Ќе го завршиме брегзит навреме, до 31 јануари, нема ако, нема но, нема можеби“, рече Џонсон во обраќањето пред поддржувачите во Лондон.

Тој изјави дека најголемото конзервативно мнозинство од 1980-тите значи потврда дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ претставува волја на британскиот народ.

Британскиот премиер рече дека неговата влада мора да го претставува „секој агол“ на Велика Британија.

Џонсон исто така рече дека конзервативците направиле голем успех и го откочиле застојот.

Велика Британија сега ќе може да изврши брегзит, рече Џонсон, користејќи го слоганот од кампањата.

Џонсон го заврши својот говор во хумористичен тон, велејќи: „Но, прво мои пријатели, ајде да појадуваме“, пренесува „Би-би-си“.

Треба да знаете
Последни објави