Search

Џонсон негативен на Ковид-19

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е во самоизолација, тестиран е и е негативен на Ковид-19, изјави денеска неговиот портпарол.

Тој додаде дека Џонсон ќе остабе во самоизолација согласно насоките на Владата.

– Тој вчера се тестираше и тестот беше негативен, но тој секако, во согласност со правилата за самоизолација, ќе остане во самоизолација, посочи портпаролот на британскиот премиер.

Џонсон, кој во март беше инфициран со новиот коронавирус, во неделата вечерта објави дека ќе биде во самоизолација поради контакт со лице позитивно на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави