Search

„Џонсон и Џонсон“ ќе ѝ плати отштета од 29 милиони долари на жена што има рак

Калифорниската порота вчера нареди компанијата „Џонсон и Џонсон“ да ѝ плати 29 милиони долари на жената што рече дека азбестот од производите врз база на пудра од оваа компанија, вклучувајќи ја и „џонсон беби пудрата“, ѝ предизвикал рак.

Пресудата донесена на Врховниот суд во Оукланд е последниот од низата порази на оваа огромна компанија против која беа поднесени 13.000 тужби во светот.

Од компанијата истакнаа дека се разочарани од пресудата и ќе се жалат.

„Њу Брумсвик“, компанија со седиште во Њу Џерси, негира дека нивната пудра предизвикува рак и вели дека многубројни студии и тестови од страна на регулаторните агенции од целиот свет покажале дека нивната пудра е безбедна и дека во неа нема азбест.

Се очекува дека во 2019 година ќе има десетина тужби во врска со азбестот во пудрата на „Џонсон и Џонсон“.

Треба да знаете
Последни објави