Search

Џонсон: ЕУ да направи мала отстапка додека има време

Премиерот на Велика Британија,Борис Џонсон изјави дека сака Европска Унија да направи мали отстапки за Брегзит додека „се уште има време”, а во спротивно нема да има трговски договор.

– Би било разумно од нивна страна во овој момент да го направт тој исчекор, да се доближат до нашите ставови, додека има простор за дискусија. Тоа уште не го направија и некако е разочарувачки, истакна Џонсон.

И британскиот министер за локална самоуправа Роберт Џенрик истакна дека се надева оти ЕУ може да преземе мали, но значителни отстапки, со што би покажале дека ја „почитуваат Велика Британија како самостална нација”.

– Но, ако не се во состојба тоа да го направат,тогаш нема да успееме успешно да ги завршиме разговорите за двете страни, посочи Џенрик.

Треба да знаете
Последни објави