Search

Џонсон до конзервативците: Уживајте во славењето

Според резултатите од пребројувањето на  гласачките ливчиња од вчера оддржаните парламентарни избори во Велика Британија, што утринава ги објави Би-Би-Си, Конзервативната партија на Џонсон освои 358 мандати, што е доволно „комотно” мнозинство во 650-члениот британски парламнт.

Лабуристите, според овие резултати, освоија 203 мандати, Шкотската национана партија 48 мандати, а Либерланите-демократи 11

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа на членовите на неговата партија им порача да „уживаат во славењето” откако првата излезна анкета, покажа дека неговата Конзервативна партија е на пат да ги освои мнозинството мандати на изборите во земјата.

„Се надевам дека вечерва ќе уживате во славењето”, напиша Џонсон во мејл до членовите на партијата, додавајќи „ Вие ја овозможивте оваа кампања. Немаше да успееме без вас”.

Со овие резултати Џонсон ќе освои местата во парламентот што му се потребни да го реализира Брегзит на 31 јануари, јавија британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави