Search

Џонсон: Договорот на премиерката е „мртов“

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кој ја водеше кампањата за излез на Велика Британија од ЕУ, рече дека договорот на премиерката Тереза Меј е „мртов“, според британските медиуми.

Џонсон, по изјавата на премиерката дека доколку парламентот го поддржи нејзиниот предлог ќе поднесе оставка, го поддржа договорот, но исто така истакна дека договорот е „мртов во секој случај”, објави Ројтерс.

Британската премиерка пред два дена рече дека нема доволно поддршка за по трет па да го изнесе својот предлог за брегзит пред британскиот Парламент и дека ќе продолжи со разговорите со пратениците за да ја добие нивната поддршка.

Треба да знаете
Последни објави