Search

Џонсон: Велика Британија им посакува се најдобро на Хари и Меган

Британскиот премиер Борис Џонсон е убеден дека цела Велика Британија ќе им посака се најдобро на принцот Хари и неговата сопруга Меган, кои веќе нема да ги извршуваат должностите на членови на кралското семејство.

– Мислам дека целата земја ќе сака да се приклучи во тоа да им посака се најдобро во иднина … Како што реков претходно, сигурен сум дека кралското семејство, кое е долго време тука, ќе најде начин да продолжи понатаму, рече Џонсон за Скај њуз во Берлин, каде присуствуваше на конференцијата за Либија.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган повеќе нема да ги извршуваат должностите на членови на кралското семејство и нема да ги користат титулите на „кралско височество”, објави Бакингамската палата на 18 јануари.

Во соопштението се додава дека Хари и Меган повеќе нема да добиваат средства од јавните фондови и ќе ги вратат парите потрошени за реновирање на нивната куќа.

Треба да знаете
Последни објави