Search

Џонсон: Брегзит во октомври, со или без договор

Поранешниот шеф на британската дипломатија, Борис Џонсон, кој се смета за фаворит во трката за наследник на премиерката, Тереза Меј, вети дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ на 31. октомври, со или без договор со Унијата.

„Моето ветување е дека ќе излеземе од ЕУ на ноќта на вештерките на 31 окромври“, изјави Џонсон за „Би-би-си“.

Џонсон и британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант ќе се борат за функцијата британски премиер и лидер на британската Конзервативна партија.

Треба да знаете
Последни објави