Search

Џим Кери на удар на јавноста поради карикатурата на Меланија Трамп

Актерот Џим Кери е нападнат на социјалните мрежи откако објави карикатура на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп.

“Збогум, најлоша прва дамо. Се надевам дека спогодбата може да го финансира вашиот плиток живот. Ви благодарам за ништо”, напиша Џим.

Бројни следбеници го нападнаа затоа што сметаат дека објавата е невкусна и сексистичка.

“Ужасно е да се нападне првата дама која ја заврши својата работа со благодат и достоинство и не доби ништо освен критика од левицата. И срамота е што ниту една жена од левата страна не ја бранеше жената поради овие неосновани напади”, “Секогаш мислев дека ти си кул. Сега си премногу одмаздољубив со вакви слики”, “Ова е толку сексистичко. Такво лицемерие”, “Ова е ниско. Ми се допаѓавте и мислев дека ги инспирирате луѓето”, се само некои од коментарите.

Треба да знаете
Последни објави