Search

Џикиќ доби отказ во Естудијантес

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ не е повеќе тренер на Естудијантес, соопшти шпанскиот клуб од Мадрид.

„Благодарност до српскиот тренер за соработката и професионализмот со кој ги извршуваше работните обврски. Му посакуваме многу среќа на приватен и на професионален план” се наведува во клупското соопштение.

Неговото место на клупата за претстониот дуел со Уникаха ќе го заземе Хавиер Замора.

Понудата на Естудијантес, Џикиќ ја прифати во минатата сезона по ангажманот во Будуќност. Во кариерата како тренер ги предводеше и Партизан, Олимпија Љубљана, Беовук, Крка и Литвос Ритас.

Треба да знаете
Последни објави