Search

Џеј Ло ќе се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до Афлек

Џенифер Лопез, наводно, едвај чека да се врати во Лос Анџелес среде обновената романса со Бен Афлек.

Пејачката во последните неколку години живее во Мајами, каде што заедно со поранешниот свршеник Алекс Родригез дели куќа на плажа, чија вредност е проценета на 40 милиони долари.

А сега таблоидите пишуваат дека Лопез (51), која исто така поседува и замок од 28 милиони долари во Бел Ер, сака да започне нов живот во Лос Анџелес за да биде поблиску до Афлек. Тој живее во квартот Брентвуд.

„Пред Алекс, Џенифер поминуваше повеќе време во Лос Анџелес отколку во Мајами, но додека беше со него, Мајами стана нивна семејна база,“ изјави извор за весникот „Сан“.

Инсајдерот откри и дека куќата во Мајами премногу ја потсетува на поранешниот свршеник, а Лос Анџелес е совршен за нов почеток бидејќи е поприкладен за нејзината телевизиска работа и фотосесии, кои почесто се случуваат на западниот брег.

Алекс, за кој се шпекулира дека ѝ бил неверен на Џеј Ло во текот на нивната врска, планира да се пресели во Њујорк. Поранешниот бејзбол-професионалец, наводно, гледал во станови на Менхетен, објави Deux Moi, цитирајќи анонимен извор.

Треба да знаете
Последни објави