Search

Џеј Кеј Симонс се враќа како комесар Гордон во претстојниот Batgirl

Оскаровецот Џонатан Кембл Симонс ја репризира својата улога како комесар Џим Гордон во новиот филм на „ХБО макс“ насловен Batgirl. Симонс претходно го глумеше истиот лик во „Лига на правдата“ на Зак Снајдер.

Полицискиот комесар Гордон е еден од најстарите и најомилени ликови во универзумот на „Бетмен“ или човекот-лилјак. Тој првпат се појави во Detective Comics #27 во 1939 година и потоа се врза со ликот Batgirl во 1960 -тите. Batgirl или девојката-лилјак честопати бeше ќерка на Гордон, Барабара Гордон.

Во поново време, Гордон или ја играше улогата на вујко на Барбара или нејзин посвоител.

Џеј Кеј Симонс доби „Оскар“ за улогата на садист во Whiplash (2016), а на фановите на суперхеројски блокбастери им е познат како главен уредник на весник во Готам во првите „Спајдермен“ филмови.

Треба да знаете
Последни објави