Search

Џејмс промаши две слободни фрлања, па заби за победа на „Лејкерс“

Кошаркарите на „Милвоки Бакс“ по победата над шампионот „Голден Стејт“ ноќеска го победија и „Денвер Нагетс“,  два од трите најдобри тима на Западот и тоа во гости. „Бакси“ триумфираа со 114:121 пред се благодарение на центарот Брук Лопез, кој го изедначи рекордот на лигата со осум постигнати тројки за играчи кои се повисоки од 210 см, на Лори Маркканен и Дирк Новитцки. „Милвоки“ славеше во Денвер за прв пат во последните осум години, а тренерот Мајк Буденхолзер можеше да ужива во шоуто на четворица играчи кои постигнаа 20 или повеќе поени. Лопез постигна 28 поени, Јанис Антетокунпо додаде 22, со девет скока и осум асистенции, Крис Мидлтон постигна 21, а Малком Брогдон имаше 20 поени. Кај домаќините најефикасен беше Пол Милсап со 25 поени, а Никола Јокиќ додаде 20.

„Бостон Селтикс“ се уште не ја најдоа вистинската форма, па загубија од „Портланд“ 100:94 што е четврти пораз од петте натпревари на гостувањето на Западот. „Селтикси“ губеа 21 поен во Портланд, но во последната четвртина стигнаа и до два коша негатива (85:83). Сепак, Ал-Фарук Амину со две последователни тројки ги одлепи „Блејзерси“ до недостижна разлика за седма победа во последните осум натпревари. Така „Портланд“ изненадувачки е втор тим по успешност на Западот. Кај домаќините најдобри беа Демиан Лилард со 19 поени со 12 скока, како и Јусуф Нуркиќ со 18 поени и 17 скока. За „Селтикс“ Џејсон Тејтум постигна 27 поени, а Кајри Ирвинг додаде 21 кош.

Леброн Џејмс го реши победникот на дуелот помеѓу „ЛА Лејкерс“ и „Атланта Хоукс“ 107:106. Џејмс, во неколку секунди од трагичар прерасна во херој. Тој промаши две слободни фрлања на 19,9 секунди до крајот на мечот, при резултат 105:106. Сепак, по скокот во нападот Кузма не погоди, а откако топката среќно стигна до Леброн, тој ја заби во кошот за 107:106. Во последниот напад Трае Јанг не успеа од соло пробив да погоди за победа на Атланта. Ова беше седма победа сезонава за „Лјкерс“, четврта на последните пет натпревари.

Кошаркарите на „Хјустон“, пак, славеа против „Индијана“ 115:103 благодарени на најдобриот натпревар сезонава на Џејмс Харден кој постигна 40 поени, седум скока, девет асистенции.За „Пејсерси“, за кои ова е трет пораз на последните четири натпревари, најдобри беа Бојан Богдановиќ со 20 поени, шест скока и три асистенции, како и  Виктор Оладипо со 22 поени, десет скока и седум асистенции.

„Орландо“ во Њујорк ги декласираше „Никс“ со 115:87, чија  стартна петорка постигна само 20 поени. Гостите од Флорида беа предводени од црногорскиот репрезентативец Никола Вучевиќ со 21 поен и 14 скока. Кај „Никс“ најдобри беа Кевин Кокс со 17 поени, односно Енес Кантер со 16 поени и 15 скока.

Треба да знаете
Последни објави