Search

Џејми Ли Кертис заблеска на црвениот тепих на “Златните глобуси“

Кога станува збор за стилот, актерката Џејми Ли Кертис не направи ниедна модна грешка, а така е и со нејзиниот последен стајлинг во низата.

На црвениот тепих на „Златните глобуси 2021“ во Лос Анџелес, таа се појави во долг жолт фустан и покажа како треба да изгледа добро облечена жена.

Вистинска доза на елеганција и стил – актерката достојно ја испорача улогата на презентерка на наградите.

Овогодинешната церемонија за првпат се одржуваше на две различни локации и со две водителки – Тина Феј беше домаќин во „Реинбоу рум“ во Њујорк, а Ејми Полер во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес.

Водителките и презентерите, вклучително и Кертис (62), беа едни од ретките кои лично присуствуваа на церемонијата, заедно со група на неопходни технички лица.

Треба да знаете
Последни објави